Управна постапка и спорови

Правна постапка во која граѓаните и правните лица ги остваруваат или штитат своите права пред државни органи и судови, при несогласување со управни одлуки.

Застапување и заштита на правата преку поведување на постапка пред сите органи на државната управа и управни спорови пред Управен суд и Виш Управен суд, јавни и државни органи и институции. Подготовка на поднесоци во постапката, како: Барања, Пријави, Предлози, Жалби, Приговори, Претставки и други изјави, со кои се врши обраќање до јавниот орган со цел остварување и заштита на одредени права и интереси. Управната постапка се поведува по барање на странка или од страна јавен орган по службена должност. Управната постапка се поведува против управен акт, како поединечен акт на јавен орган донесен врз основа на закон, со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките.

*Консултирајте стручно лице кое ќе Ви ги објасни сите права и обврски како во текот на постапката, како и правните последици кои произлегуваат по завршување на постапката. Правни совети и мислења во писмена форма-Побарајте правен совет, мислење и консултација ТУКА