Деловно и Корпоративно право
Основање на фирми, регистрација, статусни промени на фирми и компании, инвестиции, лиценци, стечај, ликвидација. Трговски договори за транспорт и шпедиција, услуги, купопродажба, банкарски договори, наплата на долгови, изработка на интерни документи, Правилници и Кодекси, Застапување пред судови, органи и институции.


Основање на фирми со странски капитал - Странските директни инвестиции задолжително се запишуваат во Регистарот на странски директни инвестиции, кој се води при Централниот регистар на Република Македонија. Основaњето компанија во Македонија е процес што може да се реализира брзо и ефикасно, со почитување на локалните закони и процедури. Постапката започнува со:
Избор на правна форма и минимален основачки капитал
Подготовка и поднесување на основачка документација до Централниот регистар на Република Македонија
Регистрација на даночен број (ЕДБ),
Отворање сметка во банка.
За странски инвеститори, основањето компанија може да вклучува дополнителни чекори како, добивање дозвола за престој и работа.
Регулирање на престојот на странци - Прв чекор при пополнувањето на апликацијата е изборот на Полициската станица под чија надлежност е адресата на престојување на странските или домашни лица. При првото аплицирање за добивање на дозвола за привремен престој на странец по основ на вработување, се доставува доказ дека странецот е неосудуван и дека против него не се води кривична постапка. Продолжување на дозволата за привремен престој по основ на вработување, се одвива преку поднесување на барање, при што секое продолжување не може да биде подолго од една година.
Привремен престој заради работа ќе се одобри врз основа на барање на странец или барање на правното лице со кое странецот склучил договор за
вработување, кое може да се поднесе во Министерството за внатрешни работи. Со барањето истовремено се доставува и гаранција за со која компанијата
се обврзува дека ќе ги сноси трошоците за престојот и сместувањето на странецот, како и трошоците за присилно отстранување на странецот од
територијата на државата.
Привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Република Македонија,
Наплата на долгови - Преку преговори за наплата, вонсудско решавање на спорови, Спогодби, Опомени, Тужби, Нотарски платен налог, преку Извршител и постапување по извршна постапка. Наплата на регресни побарувања -Од осигурителни компании, работодавци, солидарни должници, преку писмена опомена, доказ за плаќање, преговори, нотарски платен налог, судска тужба, извршител.
Јавни набавки - Постапка преку која државните органи и јавните институции набавуваат добра, услуги, изведба на работи, или работи од физички и правни лица, а со цел да се задоволат јавните потреби и да се заштити јавниот интерес. Малите и големи јавни набавки се темелат на Договор за јавна набавка.
Стечај - Судска постапка за намирување на обврски кон доверителите поради платежна неспособност на фирмата, несолвентност. Престанување на дејноста на трговско претпријатие, установа, организација заради неликвидност, презадолженост, несолвентност, неработење, преку иницијатива од сопствениците на фирмата, доверителите, Управата за јавни приходи, Извршителите. Можна ликцвидација или реорганизација на фирмата.
Ликвидација - Постапка со која доброволно се затвора и брише фирмата од Централниот Регистар на РМ. Најчесто поради непрофитабилност, сопствениците самоиницијативно и доброволно одлучуваат фирмата да престане да работи и да се избрише во Централен регистар, доколку не постојат долгови и спорови. Постапката за одвива во две долготрајни фази. Консултирајте стручно лице кое ќе Ви ги објасни сите права и обврски како во текот на постапката, како и правните последици кои произлегуваат по завршување на постапката.
Правни совети и мислења во писмена форма - Побарајте правен совет, мислење и консултација, со одбирање на означеното копче на web страната ТУКА
Контакт
Aдреса
ул. Георги Димитров 11/1-4
нас. Кисела Вода, Скопје, Македонија
Контакт
+389 78 266 699
advokat@peshova.com
Powered by SUMMUS. All rights reserved.


