Кривично и прекршочно право
Одбрана и застапување пред Јавните обвинителства, Полициски станици, Оновен Кривичен суд и Суд за прекршоци, за пријава или сторени кривични и прекршочни дела.


Подготовка и поднесување на Кривични пријави- Секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност. Јавниот обвинител и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или по примена кривична пријава. Сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кои се гони по службена должност, а за кои се известени или за нив дознале на друг начин. Поднесувајќи ја пријавата, пријавителите ќе ги наведат и доказите што им се познати и ќе преземат мерки за да се зачуваат трагите од кривичното дело, предметите што се употребени во неговото извршување или настанале од извршувањето и други докази.
Приватна кривична Тужба- По правило е иницијален акт, со кој се поведува определена кривична постапка за која сторителите не се гонат по службена должност. Основниот закон по кои се водат судот и странките во оваа постапка е Законот за кривична постапка
Жалба- Вид редовен правен лек против судска пресуда во кривичната постапка, која се поднесува во определен рок и претставува изразување на незадоволство од некоја неправилност, со предлог и молба истата да се отстрани.
*Консултирајте стручно лице кое ќе Ви ги објасни сите права и обврски како во текот на постапката, како и правните последици кои произлегуваат по завршување на постапката. Правни совети и мислења во писмена форма-Побарајте правен совет, мислење и консултација ТУКА
Контакт
Aдреса
ул. Георги Димитров 11/1-4
нас. Кисела Вода, Скопје, Македонија
Контакт
+389 78 266 699
advokat@peshova.com
Powered by SUMMUS. All rights reserved.


