Работни односи

Пријавување и одјавување на работници во Агенцијата за вработување на Република Македонија, правни совети од областа на работните односи и заштита на правата на работниците и работодавачите.

Договори за вработување - Од денот на стапување на работа, работникот започнува да ги остварува правата, обврски и одговорности од работниот однос, утврдени со овој договор. Прецизирање на начинот и условите за вршење на работни обврски, дефинирање на правата и обврските на двете договорни страни и клучните елементи кои се дел од договорот.

Договори за дело - Договор за Дело е правно обврзувачки договор помеѓу две страни: Нарачател, како лице или субјект што ја нарачува работата и Изведувач: лицето или субјектот што ја извршува работата. Договорот за Дело се фокусира на една, добро дефинирана задача или проект. Тој е најдобриот документ за дефинирање на работата на: Хонорарци, Консултанти, Независни изведувачи, односно, секој оној кој превзема специфичен проект за друга страна.

Договoр за волонтирање и практикантство - Организаторот на волонтерската работа со волонтер (странско физичко лице) е должен да склучи договор во писмена форма за волонтерство, за сите видови на волонтерски услуги. Со овој договор се уредува постапката и условите за остварување на практикантството, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализира волонтерската работа.

Менаџерски договори - Со овој договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите на менаџерот и на компанијата, согласно Законот за трговски друштва и статутот. Специфичен договор со кој се регулираат сите права, бенефиции и обврски на менаџерите во една компанија.

Дисциплински постапки и Правилници - Подготовка на Правилници за работни односи, за уредување и остварување на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавачот, кои произлегуваат од работниот однос. Работниот однос се регулира со правилник, законот за работни односи и колективниот договор. За повреда на работните обврски и причинетата штета, работникот одговара лично според одредбите од правилникот, законот и колективниот договор

Етички Кодекс - Целта на Етичкиот кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на вработените, унапредување на достоинството и угледот на компанијата и утврдување и пропишување на етички стандарди и правила на професионално однесување на стручните работници.

Правилник за безбедност и заштита при работа - Безбедноста и здравјето при работа со нашата легислатива е концепирана како составен дел на организацијата на работата и на работниот процес и врз таа основа се обезбедува за секој работник и за секоја работа, без оглед на видот и сложеноста, што е во согласност со уставното начело за правото на секој вработен на заштита при работа. Областа на безбедност и здравје при работа, како исклучително комплексна и пред сè мултисекторска и мултидисциплинарна област е регулирана со поголем број на законски и подзаконски акти, а за нејзината примена и имплементација неопходна е интензивна координација, комуникација и соработка помеѓу различни државни институции и органи, социјалните партнери и останати релевантни субјекти. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да превземе мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи и нивна заштита при извршување на работните задачи.

Мобинг - Мобингот претставува специфична форма на однесување на работното место, кога едно или повеќе лица континуирано и систематски психички или полово вознемируваат друго лице или група, со загрозување на неговиот углед, честа, достоинството и интегритетот, а истото предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје на жртвата, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

Консултирајте стручно лице кое ќе Ви ги објасни сите права и обврски како во текот на постапката, како и правните последици кои произлегуваат по завршување на постапката.

Правни совети и мислења во писмена форма - Побарајте правен совет, мислење и консултација, со одбирање на означеното копче на web страната ТУКА